social image

Вашиот сигурен чекор кон живот и работа во Словенија

Дали сте здравствен работник и сакате да работите во Словенија?
Можеби планирате студии или нов почеток? Тогаш сте на вистинското место!
Ние сме едно од првите јазични училишта во Словенија кое нуди курсеви по словенечки јазик за медицински работници – лекари, медицински сестри, болничари и стоматолози.
Нашите курсеви не се само обични часови – тие се отскочна даска кон вашата успешност.

Одлични резултати на официјални испити

Нашите курсисти со сигурно и темелно знаење самоуверено го полагаат испитот по словенечки јазик, кој е задолжителен за работа во словенечкото здравство.

Подготовка за виза, престој и УПИС на факултет

Нудиме посебна програма, која им е наменета на сите оние кои имаат потреба од потврда за познавање на словенечкиот јазик за работа, престој или студии во Словенија – на сите нивоа (A1 – C1)

Општи курсеви за живот и интеграција

Им помагаме и на оние кои сакаат полесно да се приспособат во словенечката средина – заради работа, секојдневна комуникација или студии.

Професионален пристап и искусни предавачи

Курсевите се водени од искусни предавачи со богато искуство и одличен пристап кон работата.