Дојдовте ли неодамна во Словенија или планирате преселба?
Сакате да се вклучите во секојдневните разговори, да ги завршувате обврските во пошта, продавница или кај доктор?
Пријавете се на општиот курс по словенечки јазик, наменет за сите кои сакаат да го научат јазикот за живот, работа или студии во Словенија.
Курсот е осмислен така, што постепено и на забавен начин ве води од основите на словенечкиот јазик до самостојна комуникација.
Не. Предзнаење по словенечки јазик не е потребно. Почнуваме од почеток.
Што ако го пропуштам часот?
Ако го пропуштите часот, добивате снимка.
✔ мали групи
✔ многу разговор и практична комуникација
✔ објаснувања на македонски јазик кога е потребно
✔ домашни задачи со повратни информации
✔ снимка од секој час доколку не можете да присуствувате
✔ искусни предавачи, специјализирани за настава по словенечки како странски или втор јазик