social image

Општи курсеви по словенечки јазик

Курс по словенечки јазик за почетници (A1 – A2)

Дојдовте ли неодамна во Словенија или планирате преселба?

Сакате да се вклучите во секојдневните разговори, да ги завршувате обврските во пошта, продавница или кај доктор?

Пријавете се на општиот курс по словенечки јазик, наменет за сите кои сакаат да го научат јазикот за живот, работа или студии во Словенија.

Курсот е осмислен така, што постепено и на забавен начин ве води од основите на словенечкиот јазик до самостојна комуникација.

Зошто ви е потребен овој курс?

Знаењето на јазикот е клуч за успешен живот во новата средина.

На нивото A1 – A2 ќе ги стекнете основите за разбирање и изразување во секојдневни ситуации – од запознавање со луѓе, до разговор со доктор, на работа или на факултет.

Што ќе научите во овие 85 часа?

Курсот ве води низ секојдневни теми и ситуации кои ви се потребни за живот, работа и интеграција во Словенија.

Што добивате?

 
  • Поголема самодоверба при комуницирање во секојдневни ситуаци
  • Разбирање на основни текстови и употреба на практични фрази
  • Основа за продолжување на повисоко ниво (B1) – и за запишување на курс по словенечки за медицински работници (овде нека има линк до потстраницата за медиински курс)
  • Наставни материјали
  • Потврда за учество
5 €/45 мин




Понеделник и среда: 17.00 – 18.30

Курсот е достапен и во форма на индивидуална настава, со цена од 23 € по час од 45 минути